Шефот на станицата во Лариса можеби направил фатална грешка: Дали трагедијата во Грција можела да се избегне?

207
EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Расте бројот на загинати во железничка несреќа во Грција, а според првичните индиции трагичната несреќа во која загинаа најмалку 36 лица, а над 80 беа повредени се препишува на човечка грешка.

Иако е прерано да се расветлат сите аспекти на кобната трагедија, првичните индикации велат дека двата воза директно се судриле, најверојатно со голема брзина.

Се проценува дека шефот на станицата во Лариса не ги свртел клучевите преку кои механички се регулира минувањето на возовите на клучките, па на иста линија се испраќаат два воза, јавува Србија Данас, повикувајќи се на ЕРТ.

Најмалку 32 загинати и 85 повредени во судир на возови во Грција/ФОТО/ВИДЕО

Претседателот на машиновозачите на ОСЕ, Костас Генидунијас, рече дека доколку функционираше светлосната сигнализација, трагедијата можеше да се избегне.

Можната причина за несреќата не е веднаш јасна. Полицијата сослушала двајца службеници на железницата, но тие не биле приведени.

Шефот на грчкиот синдикат на железничките работници Јанис Дицас изјави дека е нејасно како се случил судирот на двата воза ноќеска кај Лариса, при што загинаа најмалку 36 луѓе, а над 80 се повредени. Шестмина од 66 хоспитализирани се сместени на интензивна нега, велат од болницата во Лариса.