Шакира се огласи за шпекулациите дека е во љубов со инструкторот за сурфање

1068
EPA-EFE/Quique Garcia

Шакира помина тежок период по бројните драми поврзани со разделбата со Жерард Пике, а сега повторно се најде во фокусот на медиумите поради шпекулациите за нејзината наводна нова љубов.

Шпанските медиуми пренесуваат дека во јавноста се појавиле шпекулации дека славната пејачка е во врска со инструкторот по сурфање. Но, Шакира се огласи со категоричен демант и испрати силна порака до медиумите.

„Од почит кон моите деца и ранливите моменти низ кои поминуваат, ги молам медиумите да престанат со шпекулациите. Немам партнер и ништо друго освен целосна посветеност на своите деца“ – порача Шакира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)