Честитка на македонски јазик на албанската државна телевизија

120

На албанската државна телевизија и годинава емитувана е новогодишна честитка на македонски и на јазиците на другите етнички заедници.

Честитката на македонски јазик, ја упати Илче Костофски, кој ја подготвува емисијата на македонски јазик, што се емитува на вториот канал на телевизијата.

– Среќна Нова година и божиќните празници, со желби за добро здравје, среќа, спокојство и хармонија во секое семејство. Во новата година уште посилно и уште подлабоко да ја негуваме нашата традиција на соживот, почитување и прифаќање на различности. Среќна и бериќетна 2020 година. Среќен Божик, порача Костофски.

Првпат честитка и на македонски јазик беше емитувана во пресрет на 2015 години, кога истата ја упати Нико Китани, како претставник на Македонците во Државниот комитет за малцинства.