Чесите пијат највеќе алкохол, а омилено им е пивото

25

Најнаселената европска земја (без Русија) е голем љубител на добри пијалоци. Кога ќе го спомнеме пивото, еден од синонимите е Германија, а особено јужниот регион Баварија, каде што се одржува и Октоберфест. Но, без разлика дали ќе дојдете за време на најголемиот фестивал на пивото или не, добро пиво ве очекува низ цела Германија.

Луѓето почнале да консумираат алкохол пред неколку илјади години, а и денес оваа навика опстојува во голем дел од светските култури. Според податоците на Светската здравствена организација, ова се петте земји со најголема потрошувачка на алкохол во светот за една година (мерено во еквивалентни литри чист алкохол по жител кај лица постари од петнаесет години).

Чешка со 14,26 литри по глава на жител според податоците на Светската здравствена организација, е водечка земја по литри консумиран алкохол по глава на жител. Секако, омилен пијалок на Чесите е пивото, а првата пиварница е изградена во градот Пилсен, кој се наоѓа на 100 километри југозападно од Прага. Чеси, честитки за титулата!

Латвија со 13,19 литри по глава на жител е на второ место. Жителите на една од трите балтички земји се втори најголеми потрошувачи на алкохол во светот. Најчесто консумирани пијалоци се билниот ликер Рига црн балзам (се смета за национален пијалок), вотка и пиво.

Молдавија со 12,85 литри по глава на жител има долга историја на производство на вино. Овде сепак ќе пиете одлични вина за релативно малку пари. Други пијалоци со кои се гордеат Молдавците се туика и вестина.

Германија со 12,79 литри по глава на жител се големи љубители на добри пијалоци. Кога ќе го спомнеме пивото, еден од синонимите е Германија, а особено јужниот регион Баварија, каде што се одржува и Октоберфест. Но, без разлика дали ќе дојдете за време на најголемиот фестивал на пивото или не, добро пиво ве очекува низ цела Германија.

Литванија со 12,78 литри по глава на жител го зазеде петтото место. Овде алкохолот најчесто се ужива во пивото, но и во домашните ракии и ликери, познати како квас, самана и старка.