Сопругата на играчот од средниот ред на Ливерпул – Алекс Окслејд-Чемберлен, познатата британска пејачка Пери Едвардс, е во совршена форма по раѓањето на својот син.

Русокосата, која е дел од популарниот бенд „Little Mix“, неодамна сподели неколку фотографии од концерти, на кои се гледа дека породувањето од пред неколку месеци воопшто не влијаело на нејзината форма.

За разлика од неа, која има голема причина за задоволство, Чемберлен пред неколку дена повторно беше разочаран по поразот во финалето во Лигата на шампионите од Реал Мадрид.