Изгорениците поминуваат, оштетувањата остануваат: Од рак на кожа се разболуваат и малолетници

100

Лекарите предупредуваат дека кожата „се сеќава“ на секое изложување на штетно УВ зрачење, вклучително и солариумите, кои се еден од факторите на ризик за меланом.

Луѓето меѓу петтата и седмата деценија од животот се ризична група, иако болеста неретко ги погодува и помладите луѓе.

Податоците на Институтот за јавно здравје на Србија, покажуваат дека од меланом страдаат и малолетници, а умираат и лица помлади од 30 години. Најмладиот пациент лекуван годинава имал 18 години, а претходно имало 17 и 16 години, пишува Српскаинфо.

УВ зрачење

Малигниот меланом е најретката, но и најопасната форма на рак на кожа и дека се работи за рак кој ги погодува луѓето од која било возраст, за разлика од другите видови, кои се јавуваат претежно кај постарите лица.

– Иако има многу фактори на ризик, ракот на кожата најчесто е предизвикан од сончево УВ зрачење. Прекумерната изложеност на ова зрачење е најчеста причина за сите форми на рак на кожата. Најмалку опасна последица е предвременото стареење на кожата и појавата на брчки. Во најлош случај, тоа доведува до трајно оштетување и рак на кожата.

– Додека изгорениците од сонце може да избледат, штетата под нив останува. Секое продолжено сончање додава поголемо оштетување на локалниот имунитет, кој веќе е ослабен, и на генетскиот материјал на кожата. Меланомот не е лесно да се препознае на прв поглед, бидејќи често изгледа слично како младежите.

Главни фактори на ризик за развој на меланом се генетиката, УВ зрачењето, изгорениците од сонце и Паркинсоновата болест.

Повеќе на srpskainfo