ЦУК: Товарно возило на патот Зелениково – Таор ја пробило оградата на мост на Вардар, нема жртви

75

Секторот за операции и координација (СОК) на ЦУК, денеска информира дека околу 18:00 часот товарно возило, движејќи се на регионалниот патен правец село Зелениково – село Таор, изгубило контрола ја пробило оградата и паднало во реката Вардар.

Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, со своите соработници веднаш излегле на терен и направиле соодветно одбележување на оштетениот мост што претставува потенцијална опасност за движење на возилата и пешаците коишто поминуваат по него.

– Од страна на Секторот за операции и координација (СОК) на ЦУК во координација со Градоначаникот на Општина Зелениково се известени Јавното претпријатие за оддржување на магистралните и регионалните патни правци се со цел за превземање на мерки и активности во нивната надлежност. Посочено им дека е потребно итно да се излезе на местото на настанот за да се постави соодветно одбележување и сигнализација, а во најкраток можен рок да се изврши санација на оштетената ограда се со цел да не дојде до несакни последици врз возилата и населението. Тоа е и направено. Екипата на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патни правци во моментот се на терен, вршат увид и постапуваат соодветно нивните надлежности. Инаку, за сега, според информациите од терен, нема жртви при настанот, соопштија од ЦУК.