Здравјето на очите е бесценето:Одржувајте го преку вистинската исхрана

99
Според проценката на експертите од Харвард медикал скул, одредени витамини и минерали во храната можат фа имаат улога во префенција на два најчести проблеми со видот-катаркта и очно перде и макуларна дегенерација, состојба која предизвикува слепило.

Болка во очите, чешање, суви очи, нетолеранција на контактни леќи, воспаление и отекување на окото и околните ткива, крвави очи, двојно гледање (диплопија), нарушен вид се симптоми кои не само што укажуваат на проблеми со очите, туку можат да укажуваат и на многу други здравствени проблеми во организмот.

Автоимуните болести на очите често се поврзуваат со болести на тироидната жлезда.

Тироидната жлезда е мала жлезда во форма на пеперутка која се наоѓа ниско во предниот дел на вратот и е одговорна за регулирање на метаболизмот во телото. Тироидната жлезда ги произведува хормоните Т3 тријодотиронин и Т4 тироксин.

Промената во функцијата на тироидната жлезда се манифестира со симптоми кои не се поврзани само со вратот, туку и со целото тело.

Јодот е основна градежна материја на тироидните хормони и влијае на повеќето метаболички процеси во телото. Неопходен е за нормален раст и развој на сите клетки и ткива.

Кога нема доволно јод на располагање, не се произведува доволно тироиден хормон и целото тело не функционира.

Човечкото тело не може да складира јод, па затоа е неопходно секојдневно да се консумира.

Најдобри извори на јод се алгите и морските риби.