Англискиот премиерлигаш Ливерпул ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на стандардниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Борусија од Менхенгладбах, Ману Коне. Благодарение на одличните игри во изминатата сезона францускиот интернационалец го привлече вниманието на „црвените“ кои ќе мора да испратат понуда не помала од 40 мил. евра.