„Цица-Мица“ Милица Дабовиќ од своите голи фотографии одлично заработува

374

Знае да се снајде!

Милица Дабовиќ позира гола и наплаќа за своите фотографии. Таа е позната српска (поранешна) кошаркарка, но сега нема ништо веќе со таа професија. Во меѓувреме стана инфлуенсерка, фотомодел и жена која се соблекува пред камерите, а своите голи интимни слики ги продава преку интернет платформа “Онли-фанс“. Секој кој сака да ја види оваа „цица-Мица“, како од мајка родена, мора да плати. Од тие пари Милица, одлично живее. На новата професија ја поттикна нејзиното 6-годишно синче за кое по разводот од нејзиниот незаинтересиран сопруг за детето, мораше да му обезбеди нормално детство.

– Со парите кои ги заработувам преку „Онли-фанс“, јас и мојот син имаме сè! Сопругот беше лажго и крадец, а тоа за татко му, му го кажав и на синчето Стефан. Тој сосема ме разбира. Јас само не можам да им се начудам на оние луѓе кои ме осудуваат поради тоа што се соблекувам гола. Горда сум на своето тело, тренирам цел живот. Ми се допаѓа како изгледам на 42 години. Зошто да не им ја покажам својата природна убавина, а со тоа и тетоважите и на другите?! И, притоа одлично да заработам, раскажа гордата Милица.    Д.М.