Селекторот на хрватската ракометна репрезентација Лино Червар, на крајот од овој месец ќе ги собере ракометарите за да ги почне подготовките за Светското првенство во Египет, кое стартува на средината од наредниот месец. Но, хрватската ракометна репрезентација ќе биде комплетирана дури на почетокот од јануари, кога со клупските обврски ќе завршат сите членови на Бундеслигата, како и Циндриќ и Дувњак, кои ќе учествуваат на завршниот турнир во Келн.

Се очекува да пристигне и Лука Степанчиќ, меѓутоа состојбата на неговото стопало е она што го загрижува хрватскиот селектор. Лигаментите го мачат десниот бек подолго време, па тоа буди песимизам во редовите на „коцкестите“, кои се подготвуваат да патуваат на Мундијалот без него.

Хрватска на Мундијалот ќе игра во групата Ц заедно со Катар, Јапонија и Ангола.