Хрватската полиција уапсила Србинка, осомничена за шверц на 7 турски државјани

93

Хрватската полиција во петокот вечерта во Петровац во месноста Лекениќ запрела во текот на засилената акција за сузбивање на илегалната миграција, автомобил со сплитски таблички со седум странски државјани, управуван од српска државјанка (31).

Како што соопштија денеска од Полициската управа Сисак-Мославина, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело илегален влез, движење и престој во Хрватска, таа е лишена од слобода, а странски државјани се донесени во службените простории на надлежната полициска станица, пренесе Хина.

Истрагата утврдила дека осомничената од личен интерес за однапред договорена сума пари превезла седум турски државјани до крајната дестинација.

Сите странски државјани изразија намера да поднесат барање за меѓународна заштита во Хрватска.