Хорор во Владичин Хан: Маж ја прободел сопругата со нож во вратот, починала на лице место

588

Жена е убиена синоќа во селото Репинац кај Владичин Хан, а нејзиниот сопруг е осомничен за убиството, јавува РТС.

Вишото јавно обвинителство Врање соопшти дека осомничениот со нож ја избодел жената во пределот на вратот и дека таа им подлегнала на повредите.

На местото на убиството кое се случи синоќа во 21 часот и 30 минути е пронајден сторителот С.Д.(61), веднаш е приведен и притворен“, се наведува во соопштението.
Полицијата против него ќе поднесе кривична пријава за убиство. Наредена е обдукција на телото, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина од Ниш.