Холандија ги откажува сирените за воздушна опасност, граѓините ќе ги добиваат предупредувањата на нивниот мобилен телефон

336
фото:пекселс

Сирените за воздушни напади во Холандија ќе бидат укинати следната година, а граѓаните ќе добиваат известување NL-Alert на нивниот мобилен телефон, одлучи министерката за правда во заминување Дилан Јесилгоз.

Во писмо до парламентот, таа рече дека системите за сирени за воздушни напади на нацијата, кои се тестираат во првиот понеделник од секој месец, се од мала корист.

NL-Alert е многу појасно предупредување, содржи конкретни информации за видот на опасност и укажува што треба да прават граѓаните, објави NL Times.

Владиното предупредување ќе стигне до телефоните преку кулите за пренос на податоци.

NL-Alert сега покрива 92 отсто од територијата, покажаа податоците од 2023 година, додека сирените за воздушна опасност можат да ги слушнат 75 отсто од луѓето и тоа „во најдобар случај“, додава холандскиот весник.