Хезболах извршил серија напади врз Израел, користени се беспилотни летала, ракети и артилерија

116
Либански Хесболах соопшти дека извел низа напади на израелската војска, користејќи дронови, ракети и артилериски гранати, на северот на Израел, покрај границата со Либан.
Од почетокот на војната на 7.октомври Изаел и Хесболах секојдневно се судираат, најмногу во пограничната област.

Хесболах наведе во соопштението дека неговите борци денеска околу 13 часот ги нападнале „собирните центри на окупаторските израелски војници“ западно од градот Кирјат Шмона, користејќи три беспилотни летала.

Тие објавија и дека артилерискиот оган бил насочен кон позициите каде што биле стационирани израелски војници во таа област.

Мета на ракетите „Буркан“ биле и неколку израелски воени позиции во близина на границата. Се наведува дека во нападите има и жртви.

Израелската армија соопшти дека денеска од Либан биле истрелани 25 ракети и дека мета биле неколку гранични позиции.

Како одговор на нападите од Либан, израелската војска ја гаѓаше „терористичката инфраструктура на Хезболах“ со артилерија, борбени авиони и хеликоптери и целеше „ќелија која се обиде да истрела противтенковска ракета од регионот Марвахин“ во близина на границата, израелската војска се вели во соопштението.

Водачот на Хезболах Хасан Насрала на 11 ноември изјави дека неговите борци користат ново оружје, вклучително и ракети Буркан (Вулкан) кои можат да носат од 300 до 500 килограми експлозив.

Во секојдневната размена на оган долж границата од 7 октомври досега загинаа најмалку 90 луѓе во Либан, главно борци на Хезболах, но и 11 цивили.

На израелска страна загинаа девет лица, од кои шест војници.