Харден му пресуди на Мемфис

41

Најдобриот кошаркар на Хјустон, Џејмс Харден, побторно одигра одлична партија во „Тојата центар“ постигнувајќи повеќе од половината поени за својот тим во победата над Мемфис со 112:94. „Брадата“ натпреварот го заврши со 57 поени, што е негов 17-ти по ред на кој дава повеќе од 30 поени.

Резултати: Бруклин – Бостон 109:102, Хјустон – Мемфис 112:94, Сан Антонио – Шарлот 93:108, Јута – Детроит 100:94, Сакраменто – Портланд 115:107, ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 117:121.