Хаотични снимки од Будимпешта: СЕ ИЗЛЕА ДУНАВ, ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ВО ГРАДОТ/ВИДЕО

765

Дунав се излеа во Будимпешта откако нивото на реката се зголеми поради неодамнешните врнежи од дожд и снег.

Речиси 1.200 километри во Унгарија се под предупредување за поплави.

Во главниот град на Унгарија во вторникот во 10 часот нивото на водата изнесуваше 636 сантиметри, а денеска се очекува да достигне максимум од 680 сантиметри.

Поради покачувањето на водостојот, започна отстранувањето на другите возила на затворените долни кејови Буда и Пешта, кои се очекува да бидат поплавени на повеќе места, соопштија од кабинетот на градоначалникот.