ХАОС ВО БРИСЕЛ: Земјоделците ги урнаа барикадите со трактори, полицијата активираше водени топови/ВГИДЕО

129

Земјоделците запалија купишта стари гуми денеска во Брисел на протестот со барање ЕУ да преземе мерки за прашања кои се движат од евтини цени на супермаркетите до договори за слободна трговија, додека министрите за земјоделство се собраа да разговараат за кризата во овој сектор.

Полицијата употреби водени топови против демонстрантите кои фрлаа шишиња и јајца.

https://twitter.com/Another75824671/status/1762104048470065365?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1762104048470065365%7Ctwgr%5E6ab7522049714ff1cdf852a99be063947bad1276%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.vijesti.ba%2Fclanak%2F632016%2Fneredi-u-briselu-demonstranti-traktorima-probijaju-barikade

900 трактори блокираа делови од Брисел на кратко растојание од затворениот простор кај кружниот тек Шуман, каде што денеска се состануваат министрите за земјоделство на ЕУ.

Полицијата постави барикади, а демонстрантите ги урнаа со тракторите.

Земјоделците ширум Европа организираа неколкунеделни протести барајќи акција од креаторите на политиката за низа притисоци – од евтините цени на супермаркетите, до евтиниот увоз што ги поткопува локалните производители, до строгите еколошки правила на ЕУ.

Протест се одржува и во Мадрид, каде земјоделците од цела Шпанија свиреа, ѕвонеа и тропаа во тапани барајќи од ЕУ да ја намали бирократијата и да се откаже од одредени промени во Заедничката земјоделска политика.

Како одговор на протестите на земјоделците, ЕУ веќе омекна некои делови од својата политика за заштита на животната средина и ја укина целта за намалување на емисиите од земјоделското производство во климатската карта од 2040 година.