Фудбалскиот клуб Вардар должи околу 800.000 евра

УЈП објави список на должници со имиња на луѓе и фирми

55

Управта за јавни приходи (УЈП) објави листа на фирми и физички лица кои должат на државата како даноци, придонеси, акцизи и царини. Па така на листата на должници за месец мај годинава објавени се 1.918 должници – правни лица (повеќе за 87 од претходната листа) и 3.790 физички лица (повеќе за 111 од претходната листа).

На таа листа се најде и фудбалскиот клуб Вардар кој должи 48.660.207 денари, или околу 800.000 евра.

Вкупно објавениот нето долг за мај изнесува 10.610.197.639 денари, (повеќе за 233.714.679 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.431.812.675 денари, (повеќе за 215.683.559 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 178.384.964 денари (повеќе за 18.031.120 денари од претходната листа).