„Дали е можно ова да е истата личност“: Вака изгледа Бамби Таг без шминка/ФОТО

289
EPA-EFE/JESSICA GOW

Ирска на овогодинешната Евровизија ја претставуваше Бамби Таг со песната „Doomsday Blue“. Ирска заврши на високата шеста позиција на крајот од натпреварувањето, а настапот на Бамби Таг беше еден од најозборуваните.

Настапот го изведоа двајца, а на сцената се појавија како демони, со рогови на главите и ефектна шминка, додека на сцената имаше симбол на пентаграм опкружен со запалени свеќи. Оваа изведба предизвика лавина од коментари, а некои ја сметаа за оригинална, а други згрозени, посочувајќи дека по ова „не можеле да спијат“. Сега на интернет се појави фотографија од Бамби Таг без шминка.

Светла коса до рамениците, насмевката на лицето и незабележливата гардероба изненади многумина, а во коментарите се запрашаа дали навистина се работи за истата личност од Евровизија.

„Убава“, „Дали е ова истата личност од Евровизија?“, „Супер изгледа“, „Каква разлика“, „Неверојатно е што може да направи шминката“, „Ова е „вештерката“ од Евровизија? Никогаш не би рекол“, се само дел од коментарите.

А, на Инстаграм профилот на Бамби Таг може да се најде фотографија од гостување во емисија по повод Евровизија, на која иако е нашминкана, сепак е значително помалку упадлива отколку што беше на настапот. Под оваа фотографија можете да најдете и бројни пофалби за изгледот на Бамби, а многумина напишаа дека „таа треба почесто вака да се појавува во јавноста“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by (@bambiethug)