Фрлена бомба пред ресторан во Белград, нема повредени

342

Три автомобили се оштетени кога утринава околу 8.40 на улицата Нина Кирсанова на Ѕвездар е фрлена бомба пред еден белградски ресторан.

Како што дознава српскиот медум Н1, непознато лице од автомобил фрлило најверојатно бомба при што се оштетени три автомобили.

Никој не е повреден при експлозијата.

Увидот е во тек.