Француската полиција уапси маж кој се заканувал дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат во Париз

15
epa09755125 A police car sits parked outside Gare du Nord train station after police intervened to stop a man wielding a knife in Paris, France, 14 February 2022. French Interior Minister Gerald Darmanin announced on social media that police intervened with weapons after being threatened by a man armed with a knife. The man was shot dead inside the train station around 7 a.m. local time. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Француската полиција уапси маж кој се заканувал дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат во Париз, јавува Ројтерс повикувајќи се на полициски извори.

Полицијата претходно ја опколи зградата на иранскиот конзулат.

Според полициски извори, мажот бил виден околу 11 часот по локално време како влегува во иранскиот конзулат, носејќи граната и елек со експлозив.

Снимките на француската телевизија и социјалните мрежи покажуваат дека полицијата ја опкружува зградата.