Французинка се откажала од тутунот и започнала нов бизнис-педикир за свињи, домашни миленици

464
Фото:пекселс

Карол Жермен, поранешна продавачка на тутун во градот Брест, на западот на Франција, почнала минатото лето нова работа и станала педикир за свињи, домашни миленици.

Нејзината нова активнсот брзо наишла на голем интерес кај сопствениците на свињи низ земјата.

„Неверојатно. Мислев дека сум единствена која има свиња за домашен миленик. И на крајот, не, видов свињи на каучот насекаде. Не има илјадници во Франција“, изјави со насмевка Керол Жермен.

Веќе сопственичка на два мастифа, таа љубтелка на животни, ја вдомила оваа машка свиња во јуни 2020 година, како што вели самата од чист каприц. Сега таа свиња по име „Кускус“ стана огромна ѕверка од 60 килограми и својот живот го минува во станот на сопственичката или во нејзиниот бар.

„Тој спие во мојот кревет. Всушнсот јас сум таа која спие во неговиот кревет, бидејќи ако малку се поместа, грофта и дури може да ме клоцне, изјави таа.

Французинката сега сака својата љубов кон свињите да ја претвори во активност со полно работно време. Одлучила да го продаде својот бар во кој продава тутун, и да го претвори во салон за педикир за свињи.

По обуката кај една Холанѓанка, таа почнала да прави педикир за свињи, но мора даима редовна нега. За неколку месеци, Карол Добила околу 200 клиенти, од цела Франција.

Французинката одмора за време на викендите и одморот, кога со комбе ги посетува своите клиенти заедно со Кускус и кучињата.

Таа изјави дека само на југот од Франција направила педикир на 43 свињи.