ФОТО: Еурофарм Пелистер шампионски низ Автокоманда

147

Бранителот на тронот во ракомет, екипата на Еурофарм Пелистер, полесно од очекуваното со убедливи 35:25 ја доби дерби пресметката против екипата на Алкалоид. Со новиот триумф, тимот од Битола е на само еден чекор од шампионскиот трофеј.

Остануваат да се одигрaат уште седум кола, односно вториот дел, но останува разликата од шет бода во однос на Вардар кој сега е второпласиран.

Кај Еурофарм Пелистер најпрецизен беше Цехте Нејц со 12 гола, а шест постигна Богдан Радивојевиќ, додека кај домашните, шест гола даде Дамјан Митев.

ФОТО: П.Стојановски