Фон дер Лајен: ЕУ ќе им помогне на европските индустрии да ги намалат емисиите на CO2

16

Европската комисија ќе предложи мерки за да им помогне на европските индустрии да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид и да конкурираат со стимулации што им се нудат на компаниите во САД, Јапонија и Кина, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Сакаме да го искористиме овој момент. Знаеме дека во наредните години ќе се носат одлуки за формата на економијата, нето нултата економија и каде се наоѓа. Сакаме да бидеме важен дел од нултата индустрија што е потребна на глобално ниво“, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека ЕУ ќе пренасочи околу 250 милијарди евра од фондот „РеповерЕУ“, со цел да ги стимулира компаниите да ги намалат емисиите на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина.

„Целосно се ослободивме од зависноста од руските фосилни горива и многу побрзо отколку што очекувавме, што е добро. Имаме можност да пренасочиме средства и да се преориентираме“. з