Филм: „Џуманџи: Следно ниво“ – играта продолжува

228

Интереснa за гледачите е авантурата „Џуманџи: Следно ниво“, која македонската публика веќе може да ја види во градските кина.

Ова филм следува по „Џуманџи: Добредојдовте во џунглата“ од 2017, а кој, пак, беше римејк на познатиот „Џуманџи“ од 1995 со Робин Вилијамс. Во новиот филм бандата е повторно заедно, но играта е сменета. Како што се враќаат повторно во Џуманџи за да спасат еден од нивните, тие така откриваат дека ништо не е како што очекуваат. Играчите ќе треба да истражуваат непознати делови од претоплите пустини до снежните планини, сè со цел да избегаат од најопасната игра на светот.

Во филмот, во режија на Џејк Касдан, улогите ги толкуваат Двејн Џонсон, Кевин Харт, Џек Блек, Карен Гилан, Дени де Вито.