Филм: „Минатиот Божиќ (Last Christmas)“ – за новогодишно расположение

268

„Минатиот Божиќ“ (Last Christmas) е божиќната романтична приказна во режија на Пол Фег која македонската публика може да ја види во градските кина.

Во неа Кејт, која ја толкува ѕвездата на познатата серија „Игра на престолите“ Емилија Кларк, талка низ Лондон, следена од музиката на Џорџ Мајкл, донесувајќи многу лоши одлуки, што е иритирачка последица на тоа што е вработена како виленик во божиќна продавница која работи преку целата година. Том, пак, кој го толкува Хенри Голдинг, влегува во нејзиниот живот и почнува да ги пробива многуте бариери кои ги има Кејт. Тој делува премногу добро за да биде вистински… И додека Лондон почнува да се претвора во најдоброто време од годината, на двајцата ништо не им оди од рака. Но понекогаш мора да дозволиш снегот да падне, да го слушнеш своето срце и да веруваш.

Покрај Кларк и Голдинг, во филмот настапуваат и Ема Томсон, Мајкл Јео, Пати Лупон.