Филип Петровски попладнево поднесе канидатура во ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат на оваа партија.
Тој е поддржан од движењето „Македонија блокира“ и одлучи да поднесе апликација во партијата, иако има отворени несогласувања со партиското раководство.
https://www.facebook.com/EdinstvenaMAKEDONIA/videos/371842020268310/
Инаку, на јавниот повик на ВМРО-ДПМНЕ за пријавување кандидатури за избор на претседател на државата за претстојните претседателски избори претходно се пријави и пратеникот Влатко Ѓорчев.
Кандидатот за претседател од оваа партија треба да биде избран на 16. следниот месец на партиска конвенција во Струга. Рокот за пријавување кандидатури во ВМРО-ДПМНЕ, како што беше најавено претходно, истекува вечерва на полноќ.