Уганда: Запленети 750 парчиња бивни од слон и илјадници лушпи од панголин

277

Властите на Уганда запленија 750 парчиња бивни од слон и илјадници лушпи од панголин, кои биле шверцувани од соседниот Јужен Судан, а станува збор за една од најголемите заплени од таков вид во таа источна африканска земја.

Двајца Виетнамци се уапсени поради криумчарење, кои бивните и лушпите ги сокриле во дрвја, кои ги превезувале во три контејнери

Бивните и лушпите од панголини најверојатно биле собрани во соседно Конго, а биле откриени со помош на скенер.

Африканскиот панголин сè повеќе е на мета на ловокрадци, бидејќи неговите лушпи се користат во традиционалната медицина во некои африкански земји.

Африканските слонови се позагрозени поради побарувачката за производи од бивни во Кина и другите азиски земји.

Африка во седумдесеттите години на минатиот век имаше 1,3 милиони слонови, додека денес има помалку од 500.000, а експертите предупредуваат дека нивната популација би можела да опадне многу ако не биде спречена трговијата бивни.