Филиповски: Поддршка и зголемување на здравствената заштита на жените

28

Во ТЦ „Бисер“ вечерва се одржа акција за подигнување на јавната свест кај жените за борба против ракот на дојка, на која присуствуваа кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата за Општина Аеродром, Александар Филиповски, носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата,  Александар Трајановски и потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче.

Тие поделија рози и едукативни пораки на жените кои поминуваа во овој дел од општината. Активностите се одвиваат во рамки на „Race for the cure“, најголемиот настан во Европа што е посветен на здравјето на жените и подигнување на свеста за ракот на дојката.

Филиповски истакна дека е потребно да се даде поддршка со цел да се зголеми здравствена заштита на жените.

Навиките се стекнуваат од рани години. Затоа во нашата програма имаме мерки и за поголема соработка на основните училишта со граѓанските организации и институциите. Преку прилагодени игри и активности може да придонесеме за подобро ментално здравје кај новите генерации, но и да бидат посвесни за потребата од водење на здрав и балансиран живот. Само со здрави навики и информираност може да ги спречиме болестите, додаде тој.

Филипче ги истакна мерките кој ресорното министерство ги презема за заштита на жените од ракот на дојка.

Во нашата земја, повеќе нема пациент со малигна болест за којшто не е обезбедена најквалитетна биолошка терапија и можност за скрининг во повеќе центри низ земјата. Покрај лекувањето, пациентите имаат и психолошка поддршка која е една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите, додаде Филипче.