Ужасна глетка во Валенсија: Пожар „голта“ цела станбена зграда

225
Фото: EPA-EFE/MANUEL BRUQUE
Шпанските пожарникари се борат со пожарот кој зафати цела станбена зграда во Валенсија, а локалните медиуми јавуваат дека неколку луѓе се зараборени внатре.

 

На снимките се гледа како опожарените делови паѓаат на тротоар, додека внатре се слушаат ескплозии.

Шеснаесет пожарникарски единици и пет возила на брзата помош се на местото на несреќата, соопштија локалните служби за вонредна состојба.

Пожарот избувнал на четвртиот кат на зградата и се проширил на останатите станови.

Локалните медиуми јавија дека неколку луѓе повикувале помош од балконите.