Утре во Република Српска: 27 септември прогласен за ден на жалост поради настаните во Косово

354

Владата на Република Српска го прогласи 27 септември за Ден на жалост поради „трагичните настани на Косово“.

Одлуката за прогласување Ден на жалост е донесена на телефонска седница.

Знамињата на институциите ќе бидат спуштени на половина копје, а телевизиските и радио содржините, како и сите спортски и забавни настани планирани за тој ден, ќе бидат приспособени на Денот на жалост, јавува N1 Сараево.

Потсетуваме, Владата на Србија на денешната вонредна седница го прогласи 27 септември за Ден на жалост во врска со трагичните настани на Косово и Метохија.

На територијата на општина Звечан во атар на селото Бањска, во понеделникот е пронајдено телото на трето лице осомничено за напад на косовската полиција, соопшти вчера специјалното обвинителство на Косово.

Соопштението уследи по веста објавена во медиумите дека наводно е пронајдено тело на четврто лице.

Според неофицијални информации, убиените Срби се жители на северно Косово. Некои се повредени, а по други се уште се трага.