Ужас во Австрија: Група малолетници со месеци силувале девојче

1046

Австриската полиција соопшти дека води истрага против 17 лица, повеќето малолетни, меѓу кои и српски државјани, поради сомнение дека со месеци сексуално злоупотребувале 12-годишно девојче во Виена.

Дванаесет осомничени се малолетници на возраст од 14 до 18 години, еден е на 19 години, двајца се помлади од 14 години, што е минимална возраст за кривична одговорност, а останатите двајца осомничени се непознати.

Осомничените се државјани на Австрија, Турција, Сирија, Италија, Бугарија и Србија, изјави Флоријан Финда, висок полициски функционер во Виена.

Тие се осомничени за сексуална злоупотреба на малолетник од февруари до јуни 2023 година.

Ја чувале во гаражи, во нивните станови и на други места.

Девојчето и нејзината мајка го пријавиле злоставувањето во полиција дури во октомври.