Тројца играчи сакаат Анчелоти да си замине и тоа не го кријат

385
epa10400490 Real Madrid head coach Carlo Ancelotti looks on during the Supercopa de Espana semi-final match between Real Madrid and Valencia, in Riyadh, Saudi Arabia, 11 January 2023. EPA-EFE/STR

Сè уште не е позната судбината на Карло Анчелоти, кој се поврзува со бразилската репрезентација, а во игра е и опцијата да ја продолжи соработката со Реал (М).

Пред неколку дена Италијанецот изјави дека ќе чека до крајот, дека има доволно време да донесе одлука и дека има посебна наклонетост кон „кралскиот клуб“, иако бразилскиот фудбалски сојуз го чека по завршувањето на сезоната.

Англискиот весник „The Athletic“ истакнува дека има тројца играчи на Реал кои посакуваат преселба на Анчелоти во Бразил, но нивните имиња се чуваат во тајност. Се претпоставува дека станува збор за Бразилците, кои би сакале Анчелоти да биде селектор и заедно да се обидат да го освојат Светското првенство во 2026 година.

Винисиус, Родриго и Едер Милитао важат за играчи кои за разлика од останатите едвај чекаат Анчелоти да си замине од Реал бидејќи тоа би значело преземање на нивната репрезентација. Дополнително, тие нема ништо да изгубат доколку Анчелоти остане на „Сантијаго Бернабеу“.

Бразил ја чека титулата светски шампион од 2002 година, а сега има одлична генерација играчи кои конечно би можеле да се искачат на светскиот трон.

Анчелоти, кој има 64 години, моментално е во вториот мандат на клупата на Реал, со кој го освои шпанското првенство и два трофеи во Лигата на шампиони.

Како што пренесува „Calciomercato“, Анчелоти на крајот од сезоната ќе има средба со челниците на клубот на која ќе се разговара за продолжување на договорот, иако не така одамна на големо се пишуваше дека него ќе го наследи Чаби Алонсо, поранешен играч на Реал кој фантастично го води Баер Леверкузен.