Само три лица се појавија на протестот организиран за убиството на Вања Ѓорчевска. Тие не знаеле дека протестот е откажан, па се појавиле утринава во скопско Дебар маало, пред зградата во која живееше Вања.

На местото имаше и десетина полициски службеници кои го обезбедуваа просторот, како и неколку новинарски екипи.

Протестот беше најавен на почетокот од неделава, преку групата „Правда за Вања“. По лавина негативни коментари дека е непотребен, но и зошто би се протестирало пред домот на девојчето – тој беше откажан.