Треба да играме како тим, само така ќе успееме

91

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез, изрази задоволство од досегашниот тек на подготовките на тимот за СП 2019, а по пријателските натпревари со Србија, кој „црвено – жолтите“  ги играа синоќа и денеска ќе се оформи сликата за конечниот состав, односно на кои ракометари ќе им се заблагодари за соработката и  на кои ќе смета на Мундијалот.

  • Задоволен сум од прикажаното на тренинзите. Ќе видиме како ќе ни оди на пријателските мечеви. Тие не се како официјалните, но верувам во овој тим. Сите ќе добијат шанса на пријателските натпревари по кои ќе треба да биде донесена конечната одлука, изјави Раул.

Во однос на Мундијалот во Германија и Данска, Шпанецот вели дека треба да се оди натпревар по натпревар и да се покаже почит кон сите противници.

  • Македонија мора да победи на првиот меч против Јапонија, а потоа ќе мислиме на вториот натпревар. Нема да биде лесно, против себе ќе имаме силни репрезентации, очекувам и помош од навивачите. Сакам да играме како тим, само така можеме да успееме, додаде Раул.

Македонската репрезентација патува за Минхен на 9. јануари, а првиот дуел го играме на 11-ти против Јапонија, на 13 ќе играат против Бахреин, а по тоа следат дуелите со Хрватска, Шпанија и Исланд.