Трајанов: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

214

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов најави дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која од неодамна припаѓа и неговата партија, наскоро ќе обезбеди вкупно 63-64 пратеници. Тој не откри на кои новоизбрани пратеници смета ВМРО-ДПМНЕ.

Во гостување на ТВ24, Трајанов нагласи дека зборува за бројки без да ја има предвид бројноста на идната пратеничка група на коалицијата Вреди.

На извесен начин, лидерот на Демократски сојуз наговести дека зборува „премин“ на идни пратеници.

Според него, вака широко организиран фронт на ВМРО-ДПМНЕ му е потребен за да се изгласаат измени на Законот за Влада со цел да се дојде до реализација на изборните ветувања за нова структура на Владата со нови ресори или со укинување и прегрупирање на некои од нив, како и на многу агенции.

Во контекст на свечената заклетва на претседателката Силјановска Давкова, Трајанов рече дека очекува набрзо да се смири вревата.