Џејси Купер, трансродова спортистка, победи во случајот за дискриминација против Федерацијата за кревање тегови на САД, која претходно и забрани да се натпреварува во женска конкуренција.

Со победата на Џејси Купер во овој спор доаѓа посебна наредба до Федерацијата за кревање тегови на САД „да ги прекине дискриминаторските процеси врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“.

Организацијата сега има две недели да ги промени правилата и да им дозволи на трансродовите лица да се натпреваруваат во женска конкуренција.

Купер поднела тужба во 2019 година до Одделот за човекови права во Минесота, тврдејќи дека Федерацијата за кревање тегови ја прекршила Повелбата за човекови права со тоа што нејзе и на другите трансродови спортисти им забранила да се натпреваруваат во женска конкуренција.

После тоа, во 2021 година, таа поднесе официјална жалба против Федерацијата.

-Бев лута поради начинот на кој се однесуваат кон мене, начинот на кој се се однесуваат кон цела група луѓе и мислев дека е доволно. Сега чувствувам олеснување. Мислам дека ни требаше оваа победа и се чувствувам добро поради тоа, рече Купер.

Федерацијата за кревање тегови на САД ќе ја разгледа можноста за жалба на оваа судска одлука.

-Нашиот став се базираше на фактите дека трансродовите жени едноставно имаат различни капацитети кога станува збор за спортови на сила, велат од Федерацијата.