Трамп одржа предизборен митинг

34
Foto: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на илјадниците приврзаници во Тексас им порача дека е прогонуван со лажни истраги со сталинистички методи.

-Од почетокот тоа беше лов на вештерки и лажни истраги, една по друга, нешто директно од ужасите на сталинистичка Русија,  истакнал Трамп.

Неговиот настап во Вако, Тексас, се случува во период кога се очекува тој да стане првиот поранешен американски претседател против кого е покренато обвинение.

Тој   е под истрага од страна на обвинителите на Менхетен за евентуално кршење на законите за финансирање на кампањата бидејќи и платил на порно актерка 130.000 долари за да не зборува за врската со него во пресрет на претседателските избори во 2016 година.

Специјален истражител од Министерството за правда ги истражува наводите дека сокрил куп тајни документи со намера да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.

Во тексашкиот град Вако, познат по својот жесток отпор кон сојузната Влада, Трамп го одржа предизборниот митинг за претседателските избори кои треба да се одржат во 2024 година.

Неколку часа пред Трамп да пристигне на митингот, стотици негови поддржувачи   пристигнувале и купувале знамиња на Трамп, налепници на браниците и  фигури од штандовите.

Трамп истакнал дека „нивните непријатели очајно се обидуваат да ги спречат и прават се за да го скршат нашиот дух и волја“.

-Но, тие не успеаја. Тие само не направија посилни. И 2024 година е последната битка и ќе биде голема. Ако ме вратите во Белата куќа, нивното владеење со Америка ќе заврши и ние ќе бидеме повторно слободна нација, истакнал Трамп.

Во борбата за републиканската номинација, Трамп  би можел да има тежок противник во гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис.

-Тој паѓа како камен и се прашувам зошто“, кажа Трамп, коментирајќи го падот на ДеСантис во анкетите.

Де Сантис се уште официјално не објавил дека ќе се кандидира, но нема сомневање дека ќе биде еден од најголемите ривали на Трамп во Републиканската партија.