„Toa не е Данка, тоа сум јас со ќерка ми“: Австрискиот сајт „Космо“ тврди дека лоцирал една од жените во видеото со девојчето кое личи на Данка

3539
FOTO: AUSTRIA POLICE

Австрискиот сајт „Космо“ тврди дека ја лоцирал едната од двете жени кои се појавуваат на видеото од Виена на кое се гледаат две жени со мало девојче која личи на исчезнатата Данка Илиќ.

Таа Романка тврди дека на видеото не е Данка, туку нејзината ќерка, а „Космо“ наведува дека овие најнови информации и ги доставиле на австриската полиција.