Тлото во Црна Гора не мирува: Кај Никшиќ регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала

266
Фото:сателитска снимка

Сеизмолошкиот сектор на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија вечерва во 21 часот и 7 минути регистрираше умерен земјотрес со епицентар на четири километри западно од Чараѓе.

Јачината на овој земјотрес во хипоцентарот (фокалната точка) била 4,3 единици според Рихтеровата скала, што одговара на епицентралниот интензитет на степени V-VI од Меркалиевата скала (MCS). Епицентарот на овој земјотрес се наоѓал на длабочина од 13 километри.

„Врз основа на нумеричкиот модел на промената на интензитетот со растојанието во овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес можеше да предизвика помала материјална штета во епицентралното подрачје“, велат од Институтот.