Секако, како и секој Супербол, не можеше да помине без лица на трибините. Главна ѕвезда меѓу славните, без сомнение ,беше Тејлор Свифт. Најпопуларната пејачка во светот, во моментов, е и девојка на Тревис Келси, кој во еден момент на Суперболот речиси физички го нападна својот тренер.
Но, вжештените страсти и напнатоста ги смири неговата девојка, која, по завршувањето на мечот, слезе на теренот за да му честита на својот сакан.
Новинарите внимателно го следеа секој потег на Тејлор Свифт на Суперболот. Таа жестоко навиваше со друштвото во ложата, каде што беа и провокативната раперка Ајс Спајс, Блејк Лајвли и манекенката Ешли Авињон.
Но, кога се симна Свифт кај Келси да му честита, следуваше бакнеж, кој го „украде“ шоуто и за кој зборуваат сите светски медиуми.
Taylor Swift and Travis Kelce celebrating the Chiefs #SuperBowl win on the field.
— Pop Base (@PopBase) February 12, 2024