Театарската претстава „Торонто експрес“ со Александар Микиќ на фестивалот „Видик“

119

Фестивалот за литература и општа култура „Видик“ продолжува со својата богата програма. На 12 јуни, со почеток во 20:00 часот, во книжарницата на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе може да се погледне театарската претстава „Торонто експрес“.

Комедијата „Торонто експрес“ со Александар Микиќ во главната улога е работена според мотивите од книгата „Торонто експрес (Тибам штркот)“ на авторот Зоран Спасов-Ѕоф. Станува збор за документаристичка стрип-проза, „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Напишана на скопски сленг, книгата нуди една нова форма на модерно печалбарство, актуализирајќи го вековниот проблем на иселувањето.