Таткото на Вања останува во притвор – Апелација го одби неговото барање

309

Tаткото на убиената ученичка Вања Ѓорческа, Александар Ѓорчевски, останува во притвор. Барањето за укинување на притворот кое неговата одбрана го упати до Апелациониот суд поради наводно немање докази за негова инволвираност во убиството на неговата ќерка, судот го одби како неосновано.

Ѓорчевски останува во притвор уште 30 дена.

Ѓорчевски е осомничен дека помагал при грабнувањето на неговата ќерка. Тој од декември е во притвор во Шутка.

Убиецот Љупчо Палевски, според исказите на останатите осомничени, им кажал дека информациите за тоа кога Вања ќе го напушти нејзиниот дом и дека ќе биде сама му ги дал Ѓорчевски.