Таткото на Вања влезе во судот со лисици на рацете и кренати палци кон новинарите/ВИДЕО

3214
Принтскрин

Попладнево, таткото на убиеното 14-годишна Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, беше изведен пред Кривичниот суд во Скопје.

На видеото објавено од 360 степени, се гледа како Ѓорчевски влегува во судот со лисици на рацете и кренати палци кон новинарите и камерите кои го чекаа.

Тој беше изнесен пред судија на предистражна постапка.

Претходно денеска, во  полициската станица „Центар“, каде последните 24 часа беше на распит, негираше дека дал информација за времето во кое ќерката ќе го напушти домот сама.

Во текот на утрешниот ден се очекуваат ДНК-анализите од обдукцијата на телата на двете жртви, 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, по што се очекува да биде побаран и подолг притвор за четворицата осомничени.