Стефковски им донираше инвалидски колички на неколку семејства

50

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска посети неколку семејства на кои им донираше инвалидски колички.

Како што инфромираат од Општина Гази Баба, тие во изминатиот период до градоначалникот доставиле барање за обезбедување на инвалидска количка.

-Наша обврска е да работиме на создавање подобри и поквалитетни услови за граѓаните со телесен инвалидитет со цел нивна полесна интеграција во општеството. Грижата кон сите категории на граѓани ќе продолжи и во следниот период. Сите граѓани во мене имаат пријател и сојузник за решавање на проблемите со кои се соочуваат – истакна Стефковски.