Стефан и Тара го дочекаа Ѓоковиќ во Монако

97


Седумкратниот шампион на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ беше пречекан од своите деца, Стефан и Тара, во семејниот дом во Монако.
Српскиот тенисер на социјалните мрежи сподели видео од неочекуваниот дочек во својот дом кога при влегувањето беше покриен со конфети.
Стефан и Тара фрлија куп шарени ливчиња врз Ноле, среќни и задоволни што нивниот татко се врати дома.
„Три, два, еден, фала за сите конфети, “ напиша Новак на Инстаграм и им се заблагодати на своите спонзори за опремата, како и на својата сопруга Јелена за организираниот дочек.

https://www.facebook.com/NovakDjokovicFanClub/videos/385181908913913/