Најмалку 12 починати од студот во САД – поларни температури од -34 до -53

146

Во гратчето Махномен на северот на Минесота во шест часот утрово биле измерени -40 степени , а поради ветрот температурата се чуствувала како да се -53 степени . Властите во Висконсин , Илиноис и Мичиген издадале предупредување поради екстремните температури , што зафаќа подрачје на кое живеат над 60 милиони луѓе. Во Чикаго вчера наутро биле измерени – 30 степени.
За да се заштитат од студениот ветар жителите носат скијачки маски на лицата. До утре сите државни канцеларии се затворени , како и училиштата , зашто за денеска се најавува температурата да изнесува меѓу -30 и -40 степени. Не работи градското метро поради смрзнатите шини , иако вчера работниците ги палеа за да ги одмрзнат. Откажани се и над 2 500 летови во домашниот и меѓународниот сообраќај од аеродромот во Чикаго. Поставени се над 270 пунктови за греење за лицата кои дома немаат соодветно затоплување , како и за 16 000 бездомници.