Претседателот на шпанската кошаркарска федерација, Хорхе Гарбахоса, потврди дека имал разговор со тројца ветерани на Реал Мадрид, во врска со настапот за Шпанија на претстојното Светско првенство.
Гарбахоса објави дека Руди Фернандез, Серхио Родригез и Серхио Жил ќе играат за националниот тим на претстојното Светско првенство кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.
“Разговарав со Алберто Херерос, Фернандез, Родригез и Љуља. Среќен сум за нив, бидејќи со Реал ја освоија Евролигата. Гледам многу сличности помеѓу Реал и репрезентацијата на Шпанија, која го освои Европското првенство минатата година. И само На две недели пред Ф4 Евролигата се чинеше дека беа елиминирани, бидејќи загубија во четвртфиналето од плејофот од Партизан (0:2), изјави Гарбахоса.
Тој доби потврден одговор од тројца шпански ветерани од Реал.
„Љуљ и Фернандез ми рекоа: „Се гледаме летово“. Обврската што ја имаат е извонредна“
Љуљ и Родригез не играа на минатогодишното ЕП, додека Ернандез со Шпанија ја освои титулата европски првак. Шпанија на Светското првенство ќе игра во групата Г со Иран, Бразил и Брегот на Слоновата Коска.