Средба на Ѓорѓиевски со германскиот в.д. амбасадор Граф

21

Градоначалникот Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска имаше средба со в.д. амбасадорот на Германија во земјава, Ото Граф, на која стана збор за македонско-германската соработка низ призмата на проектите од доменот на локалната самоуправа, нешто што веќе профункционира како успешен модел во општината.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски му се заблагодарил на Граф за неодамнешната донација од страна на Германската амбасада преку која се обезбедени креветчиња и душеци за новата градинка „Симба”, која општината со сопствени средства ја отвора во Усје.

В.д. амбасадорот Граф пројавил интерес за планираните проекти во програмата на градоначалникот и заеднички ги утврдиле новите можности за соработка.

– Со в.д. амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија, Ото Граф имавме конструктивна и пријателска средба, преку која разменивме искуства и ги дефиниравме можностите за нови сфери во кои е можна заедничката соработка. Убаво е кога се има поддршка, посебно во вакви големи проекти, каде општината од сопствени средства прави голема инвестиција, отвора инклузивна градинка на место каде што никогаш немало ваков објект – изјави Ѓорѓиевски.

Тој додде дека со ваквите потези се праќа јасна порака дека унапредувањето на условите и со тоа овозможувањето на поддршка на позитивниот развој на најмладата популација е заедничка стратешка определба.

– Се надевам, а точно тоа и го договоривме на средбата со в.д. амбасадорот Граф, дека проектите од ваков и сличен карактер ќе ја имаат поддршката од Сојузна Република Германија и во периодот што ни претстои – истакна Ѓорѓиевски.

Според него, паралелно, како локална самоуправа, ја поддржале потребата од креативно изразување и ликовно уметничко реализирање на проекти и активности на младите, со посебен акцент на нивно проактивно вклучување во придонесот за подигнување на свеста за социјалните придобивки и социјалната култура и образование.

 

Г